| КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ |
| |
Местоположба
Основен суд Куманово се наоѓа во центарот на градот Куманово на улица „11 Октомври„ б.б. Судот е сместен во зграда со приземје и три ката. Во непосредна близина на судската зграда се наоѓа зграда на Собрание на Општина Куманово-Локална самоуправа на Град Куманово и зграда на МВР - СВР Куманово. Во судската зграда сместено е Основно јавно обвинителство на Куманово и Државен правобранител за подрачје Куманово.
Поранешната зграда во која бил сместен судот се наоѓала на ул.11-ти Октомври бр.77 во Куманово, која претставувала приземна зграда. |

Мапа со локација на судот: ТУКА |
| |
| Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен Суд Куманово ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основен Суд Куманово ја сочинуваат следните групи на информации:
| 1 |
Општи информации за судот |
3 |
Судска Власт |
| 2 |
Судска пракса |
4 |
Контакт информации |
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен Суд Куманово со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основениот Суд во Куманово или да го симнат тука.
Барање за пристап до информации од јавен карактер
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен Суд Куманово, ул. “11-ти Октомври“, бб или на e-mail: osnovensudkumanovog@yahoo.com, како и на факс бр.031 422-876.
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 031 411-555 локал 118.
Основен Суд Куманово согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Марта Крашовиќ. |
| |
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме. |
| |
|
| |