Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Куманово

30.12.2010   МАЛВП бр.96/09
                                                                           

   
                             ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА  МАКЕДОНИЈА


    ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО како првостепен парничен суд преку судија Живка Ивановска како судија поединец, во правната работа на тужителот Република Македонија Министерство за одбрана на РМ Скопје даночен број …против тужен Р.Н. од К. ул... за надомест на штета, вредност на спор 21.665,оо денари, на одржана расправа во присуство на законски застапник на тужител В.Ј. а во отсуство на тужениот на ден 25.11.2010 година ја донесе и објави следната:


                    П  Р  Е С  У Д  А


    СЕ УСВОЈУВА тужбеното барање на тужителот Република Македонија Министерство за одбрана на РМ Скопје па тужениот Н.Р. од К.

СЕ ЗАДОЛЖУВА да на тужителот на име надомест на материјална штета му плати износ од 21.665,оо денари со ЗЗК од ден на поднесување на тужба 18.03.2009 година па до 31.01.2010 година а од 01.02.2010 година казнена камата во висина на референтна стапка на Народна банка на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело во тековно полугодие зголемена за осумпроцентни поени до исплатата, како и на име сторени трошоци на постапка му плати 4.680 денари, а во рок од 8 дена по прием на пресудата.

                           О  б  р  а  з  л  о  ж  е  н  и  е

    Полномошник на тужителот во тужба и на расправа пред судот наведе дека тужениот Р.Н. од К. поранешен професионален војник по договор во армија на РМ во Воена пошта ... Ш. откако муј престанал работниот однос во армијата на РМ не се раздолжил односно не вратил дел од воена опрема со која бил задолжен. При стапување на должност во Армија на РМ тужениот бил задолжен со војничка опрема. Иако тужениот бил неколку пати повикуван и опоменуван да ја врати задолжената опрема истиот тоа не го сторил, така што од страна на тричлена комисија е извршена проверка на раздолжените делови од опрема при што е констатиран кусок на делови од воена опрема и тоа капа од летна униформа во вредност од 576 денари, мајца со долги ракави и мајца со кратки ракави во вредност од по 768 денари, јакна маскирана-виетнамка во вредност од 9.600 денари, колан со прерамки од 1.536 денари, тактички елек ,,пантер,, од 13.709 денари, прибор за јадење нлв. од 320 денари, прибор за автоматска пушка во вредност од 380 денари, што севкупно изнесува 27.657 денари. На расправа одржана од  25.11.2010 година побара тужбеното барање да биде усвоено за износ од 21.665,оо денари имајќи го предвид наод и мислење на вешто лице дипл.еконоист а за погоре наведена опрема која тужениот не ја раздолжил на тужителот и на овој износ тужениот да плати камата како што е прецизирано на расправа од 25.11.2010 година.

Докази предложи.
           Трошоци не побара.

    Судот расправата ја одржа во отсуство на тужениот согласно на член 280 од ЗПП при што ги изведе предложените докази а имено изврши увид во ценовник на делови од опрема на нова униформа, во пријава КСТР. 99 бр....св, во материјална листа за штета кусок бр... ВП 7925 Ш. во наод и мислење на вешто лице Р.П. од 21.06.2010 година, па  ценејќи ги овие докази во смисла на  чл.7 и чл.8 од ЗПП, ја утврди следната фактичка состојба:

    Тужениот Р.Н. од К. поранешен професионален војник по договор во армија на РМ во Воена пошта ... Ш. откако муј престанал работниот однос во армијата на РМ не се раздолжил односно не вратил дел од воена опрема со која бил задолжен. При стапување на должност во Армија на РМ тужениот бил задолжен со војничка опрема. Иако тужениот бил неколку пати повикуван и опоменуван да ја врати задолжената опрема истиот тоа не го сторил, така што од страна на тричлена комисија е извршена проверка на раздолжените делови од опрема при што е констатиран кусок на делови од воена опрема во износ од 27.657,ооденари.

    Од увид во наод и мислење на вешто лице Р.П. дипл.еконимист судот утврди дека тужениот не вратил дел од опрема со која што бил задолжен и тоа капа од летна униформа а во износ од 461 денар, мајца со долги ракави и мајца со кратки ракави во износ од по 384 денари, јакна маскирана-виетнамка во вредност од 7.680 денари, колан со прерамки од 1.229 денари, тактички елек ,,пантер,, од 10.967 денари, прибор за јадење нлв. од 256 денари, прибор за автоматска пушка во вредност од 304 денари, што севкупно изнесува 21.665 денари. Ова вешто лице при давање на овие вредности го имал во предвид ценовникот за делови од опрема на нова униформа на тужителот меѓутоа истите биле намалени со процент на амортизација некаде за 20%,некаде за 50%.

    Имајќи ја предвид погоре утврдена фактичка состојба а поаѓајќи од одредбата од Чл.113 од Закон за служба на АРМ (Службен весник на РМ бр.62/2002) според кој воено лице кое со намера или крајно невнимание ќе причини штета на средствата на РМ во врска со вршење на службата во армијата должно е да ја надомести, поради што судот одлучи како во изреката на пресудата при што на износ од 21.665,оо денари го задолжи да плати и камата согласно на чл.266 од ЗОО и чл.266-а од закон за измени и дополнување на ЗОО.

    Одлука за трошоци е донесена согласно на чл.148 од ЗПП па судот го задолжи тужениот да на тужителот за две застапувања со паушал и саатнина му плати износ од 4.680 денари.



                                     ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
                                                   на ден 25.11.2010 год.
                  I.Мал.вред.П.бр.96/09


ПОУКА:Незадоволната страна има
              право на жалба против ова                            С у д и ј а,
              Пресуда во рок од 15 дена од                  Живка Ивановска    
   прием на пресудата преку овој
              суд до Апелационен суд Скопје.               
             

Д-но 2 пресуди на ден 01.12.2010 година

Назад