Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Куманово

28.07.2009   П.бр.897/08

                                                         

                 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


    ОСНОВЕН СУД ВО КУМАНОВО како првостепен парничен суд, преку судија Ж.И.како претседател на совет постапувајќи по тужба на тужителот Д.Н.од К.  против тужената С.Н.од К.  за предавање во владение, вредност на спор 10.000 денари,, по одржана усна, јавна и главна расправа, во присуство на полномошник на тужителот адвокат С.С.од К. и полномошник на тужената адвокат М.Д, од К., на ден 09.06.2009 година ја донесе следната:


П  Р  Е  С  У  Д  А


    СЕ УСВОЈУВА тужбеното барање на тужителот Д.Н.од К., па тужената С.Н.од К., СЕ ЗАДОЛЖУВА да недвижниот имот и тоа идеална ½ од к.п.бр.13863 зграда 1, влез 1 кат 01, стан 8, намена на зграда 00510 во м.в.О.Р. бр.5-1/8, собност 003, материјална градба 893 во површина од 57 м/2 и од к.п.бр.13863, зграда 1 влез 1, кат ПО, намена на зграда 00511 во м.в.О.Р. бр.5-1/8, собност 001, материјална градба 891 во површина од 3 м/2, заведена во Имотен лист бр.25457 за КО К. на име на Д.Н., го предаде во совладение на тужителот со предавање на клучот од станот и да му овозможи на тужителот непречено користење на овој недвижен имот во рок од 15 дена по приемот на пресудата а под страв на присилно исполнение.

    СЕ ЗАДОЛЖУВА тужената С.Н.да на тужителот Д.Н. на име сторени трошоци на постапка му плати сума во износ од 11.240,оо денари се тоа во рок од 15 дена по приемот на пресудата.


О  б  р  а  з  л  о  ж  е  н  и  е


    Полномошник на  тужителот во тужба и на расправа пред судот наведе дека тужителот и тужената пред Основен суд К. склучиле судско порамнување П.бр.1520/06 на ден 26.04.2007 година со кое било утврдено да недвижниот имот стан кој се наоѓа во К. на   к.п.бр.13863, зграда 1, влез 1, кат 01, стан 8 во површина од 57 м/2 и к.п.бр.13863 зграда 1, влез 1, кат ПО  во површина од 3 м/2, заведени во Имотен лист бр.25457 за КО К. на име на Д.Н. е сосопственост на странките и тоа секој од нив на по идеална ½ од овој недвижен имот. Д.со погоре наведената спогодба и признал право на С.да истата остане да живее во станот во рок од 12 месеци од склучување на спогодбата. Имено во тој рок станот да биде продаден а потоа се признаваат еден на друг право на идеална ½ од парите што ќе се добијат од купопродажната цена на станот, а по извршената купопродажба на станот и примање на цента С.да го напушти станот и го испразни од луѓе и ствари. Било предвидено и тоа да Д.Н.кој до потпишување на спогодбата го користел станот, живеел во него, имал владение на истиот, зел обврска да го напушти станот во рок од 24 часа сметано од склучување на спогодбата. Странките пристапиле кон исполнување на обврските од судското порамнување, па тужителот предметниот стан во предвидениот рок од 24 часа го испразнил од луѓе и ствари и го предал во владение на тужената која станот го користи до ден денес непречено, меѓутоа тужената по некое време се попишманила од склученото судско порамнување па пред Основен суд К. поднела тужба за поништување на погоре наведеното судско порамнување. Тужената иако бара да се поништи судското порамнување истата не го ослободува станот, го користи, ниту во меѓувреме е продаден а се да добие на време заради успех во постапка судското порамнување да се поништи. По предавањето на предметниот стан на тужената тужителот е без покрив на глава, живее кај неговиот син во еднособен стан во К. па нема основни услови за живеење. Инаку тужителот во Имотен лист 25457 за КО К. иако е запишан како сопственик на предметниот стан, односно станот е на негово име, но со оглед да предметниот стан е стекнат во текот на бракот и на тужената и е признаена сопственост на идеална ½, па оттука и тужбеното барање за предавање во владение на идеална ½ од предметниот стан. Побара тужбеното барање да биде усвоено како што е поставено во петитум на тужба и прецизирано на расправа од 16.03.2009 година.

    Докази предложи.
    Трошоци  побара.

    Полномошник на тужената во писмен одговор на тужба и на расправа пред судот наведе неосновано е тужбеното барање на тужителот да тужената согласно на судско порамнување склучено пред Основен суд К. П.бр.1520/06 на ден 26.04.2007 година го предаде во владение на тужителот недвижниот имот-стан кој се наоѓа на ул. од причина што пред Основен суд К. е заведена парнична постапка за поништување на судско порамнување погоре наведено. Покрај ова недопуштено е тужбено барање на тужителот со кој се бара предавање на фактичка власт во идеален дел или од некоја ствар генерално. Тужителот ги нема запишано правата во имотен лист и неготово право е неизвесно а постоење на права се докажува со соодветна исправа, имотен лист издаден од надлежен орган, што значи неможе да се бара предавање во фактичка власт што нешто не е реално определено, туку е определено како идеален дел.

    Докази предложи.
    Трошоци побара.

    Судот  ги изведе предложените докази а имено изврши увид во имотен лист бр.25457 за КО К., во записник по предмет П.бр.1520/06 од 26.04.2007 година, во тужба поднесена од Н.С.против Н. Д.П.бр.620/07, во старателска исправа бр.0702-2021 од 17.06.2008 година, во решение Одс.бр.2/08 од 22.04.2008 година правосилно на 30.05.2008 година, во писмено упатено до В.И.од 10.10.2008 година, во списи на предмет 1520/06, па ценејќи ги овие докази во смисла на Член 7 и 8 од ЗПП, ја утврди следната фактичка состојба:

    Од увид во списи на предмет П.бр.1520/06 особено од судско порамнување П.бр.1520/06 склучено на записник пред Основен суд К. на 26.04.2007 година помеѓу С.Н., Д. Н., Н. Н., Н.Љ.и С. Н. странки по предмет П.бр.1520/06 е кажано дека со ова судска спогодба како самите С.и Д. помеѓу себе така и тужителите Н., Љ.и С. на истите им признаваат право на сопственост на по идеална ½  како на ствар стекната во брачна заедница помеѓу С.и Д. со заеднички вложувања на нив двајцата и тоа сопственост по однос на стан кој се наоѓа во К.  к.п.бр.13863 зграда 1, влез 1, кат 01, стан 8 намена на зграда 00510 во м.в. О.Р. бр.5/1-8, собност 003 во површина од 57 м/2, право на недвижност 831 и к.п.бр.13863, зграда 1, влез 1, кат ПО, намена на зграда 00511 во м.в.О.Р. бр.5/1-8 во површина од 3 м/2, право на недвижност 831, вкупна површина од 60 м/2, запишан во имотен лист бр.25457 за КО К. на име Д.Н..  Во ова спогодба исто така е кажано дека тужителите во постапка по спогодба Н., Љ.и С. како и тужен Д. и признаваат право на С.Н.да истата остане да живее во станот во рок од 12 месеци сметано од склучување на ова спогодба, Имено да во тој рок да биде продаден наведениот стан и потоа се признаваат право на идеална ½ од парите кои што како купопродажна цена ќе бидат добиени за овој стан па по извршена купопродажба на станот и примање на купопродажна цена на по идеална ½ и по заверувањен а договор за купопродажба кај нотар со купувач на станот С.веднаш да го напушти станот и да го испразни од луѓе и ствари. Тужениот Д.Н.кој сега го користи, живее и има владение на предметниот стан зима обврска да станот го напушти во рок од 24 часа сметано од склучување на спогодбата.

    Согласно погоре наведена спогодба тужителот ја исполнил обврската што ја превзел со судското порамнување па предметниот стан во предвидениот рок од 24 часа го испразнил од луѓе и ствари и повеќе не живее во станот. Судското порамнување е склучено на 26.04.2007 година па до ден денеска сеуште не е продаден, што значи ниту во рок од 12 месеци како што е предвидено во судското порамнување предметниот стан не е продаден а тужената С.во истиот сеуште останала да живее, со тоа што во меѓувреме има покренато постапка пред овој суд за поништување на судско порамнување оформен по предмет П.бр.620/07 која што постапка е во тек.

    Горната фактичка состојба судот ја утврди од изведените докази па одлучи како во изреката на пресудата поради следното:

    Во член 162 од Закон за сопственост и други стварни права е кажано дека сосопственикот, односно заедничкиот сопственик има право на тужба за заштита на правото на сопственост на целиот предмет, што значи во ова одредба се содржани правилата за заштита на правото на сосопственост и на заедничка сопственост. Овие права се штитат со сопственичка тужба за поврат на стварта и со тужба со која може да се бара престанување на вознемирување. Понатаму во одредбата од член 32 став 1 и 2 од истиот закон е кажано дека сосопственикот има право стварта да ја држи и да ја користи заедно со другите сосопственици сразмерно со својот дел, неповредувајќи ги притоа правата на другите сосопственици. Сите сосопственици имаат владение врз целата ствар но тие можат да одлучат меѓусебно да го поделат владението врз стварта и извршувањето на сите или на некои сопственички овластувања врз неа.   

    Поаѓајќи од овие законски одредби а имајќи ја предвид погоре утврдената фактика состојба од која фактичка состојба судот утврди дека и тужителот и тужената се сопственици на по идеална ½ од недвижниот имот предмет на ова постапка стан  заведен во имотен лист бр.25457 а врз основа на судско порамнување П.бр.1520/06 од 26.04.2007 година кој стан  е стекнат во тек на брачн ата заедница помеѓу тужителот Д. и тужената С.со заеднички вложувања, па судот ја задолжи тужената да идеална ½ од предметниот стан го предаде во совладение на тужителот со предавање на клучот од станот и му овозможи на тужителот непречено користење на истиот поради што одлучи како во изреката на пресудата бидејќи согласно на погоре наведените одредби тужената е должна на тужителот да му овозможи совладение на заедничката ствар, во конкретниот случај на станот бидејќи сосопствениците во овој случај тужителот и тужената во однос на предметниот стан се појавуваат како совладетели.

    Судот ги ценеше наводите на полномошник на тужената дека неможе да се бара предавање во фактичка власт што нешто не е реално определено, туку е определено како идеален дел но имајќи го предвид погоре изнесеното судот ваквите наводи не ги прифати.

    Одлука за трошоци е донесена согласно на Член 148 од ЗПП, па судот ја задолжи тужената да на тужителот на име сторени трошоци на постапка му плати сума во износ од 11.240 денари и тоа за состав на тужба 2.000 денари, за две застапување од адвокат со паушал и саатнина 6.240,оо денари такса за тужба 1.500 денари и  такса за одлука 1.500 денари.


           ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО, на ден 09.06.2009 година П.бр.897/08  година




ПОУКА: Незадоволна странка има право
                на жалба во рок од 15 дена по
                прием на Пресудата, преку овој
                суд до Апелационен суд Скопје. 
  

                                                                                             Претседател на совет-Судија
                                                                                                                    Ж.И.



Назад