Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 

  • ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО - НАДЛЕЖНОСТИ
  • Историјат
  • Судска зграда
  • Годишни Извештаи
Надлежност
Основните судови, според Закон за судовите, се надлежни да одлучуваат во прв степен по предметите од судска надлежност, освен кои со закон се ставени во надлежност на друг орган.

Основниот суд во Куманово е надлежен за :

1. Одлучување во прв степен по кривични дела и прекршоци и тоа :
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до 5 години ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност
- да спроведува истрага или истражни дејствија од своја надлежност
- за сите видови на прекрошоци освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа, или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни .

2. Одлучување во прв степен во граѓански спорови и тоа :
- за спорови во имотно-правните и другите граѓанско-правни односи на физички и правни лица чија вредност надминува 15.000 Еура во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
- за чување и воспитување на деца,
- за законска издршка,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надомест на штета кој надминува 15.000 Еура во денарска противвредност
- во постапка за обезбедување на извршување,
- за работни односи
- во спорови од наследно-правни односи
- во вонпарнични и оставински работи, да води тапии и други работи утврдени со закон .

Според Законот за судовите од 2006 година Основен суд Куманово е со проширена надлежност и покрај горенаведената надлежност Основен суд Куманово е надлежен да одлучува и во следните случаи :
1. Да за одлучува за кривични дела
- за кои со закон е предвидена казна затвор над 5 години и за кривични дела и прекршоци извршени од малолетни лица,
- да спроведуваат истрага и истражни дејствија за кривични дела од своја надлежност
- да постапуваат по предмети за екстрадиција
- по жалби и приговори во постапките за кои се надлежни и
- да решаваат по постапки за меѓународна правна помош утврдена со закон .
2. Да одлучува во граѓански спорови и тоа :
- за спорови во имотоно-правните и другите граѓанско-правни односи на физички и правни лица чија вредност надминува 15.000 Еура во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд
- во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост,
- водат судски регистар за политички партии
- во постапка за стечај и ликвидација
- во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
- за спорови на домашни правни и странки лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански односно трговски односи.

Основен суд Куманово како суд со прширена надлежност надлежноста ја врши и за Основен суд Крива Паланка и за Основен суд Кратово.
Историјат
Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија започнува со донесувањето на Одлука на второто заседание на АСНОМ од 2-ри Август 1944 година. Со оваа одлука се формираат судски органи, поверенство за судство, судски оддели при Народно ослободителните одбори. На 20-ти Октомври 1944 година е донесено решение на Президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека целосно уредување на правосудството во Македонија, судењата ќе се вршат во рамките на народно ослободителните одбори. За разлика од револуционерните судови судовите на партизанските одреди се јавуваат како специфичен вид на правосудни органи и се карактеристични по тоа што прв пат станува збор за правосудни органи засновани со акт од законодавно тело и органи кои се одвоени од воена структура. Секој од овие судски оддели бил составен од прочелници, секретар и неопходен персонал. Судењата ги спроведувал совет од пет члена избрани од територија на округот. Судиите во советот многу често немале соодветно образование, но по правило, секретарот на секој судски одбор бил правник именуван од Президиумот на АСНОМ.
Делогруг на работа на овие судови сообразува со времето во кое биле формирани така да случаите кои ги решавале биле поврзани претежно со казнување на сторителите на разни злосторства против народот, казнување на шпиoните и соработниците на окупаторот а многу поретко на заштита на имотот на граѓаните и нивните меѓусебни спорови.
Судовите во Република Македонија меѓу кои и Основниот суд Куманово се основани со Повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година. Оваа повелба претставува прв законодавен акт на првиот законодавен орган создаден во текот на Народно ослободителна борба, со кој се утврди постоењето на 25 општински судови, три обласни суда и Врховниот суд на Македонија.
Во првата половина на 1945 година се вршени подготовки за формирање на околиски судови во цела Македонија и формирање на воени судови меѓу кои и во Куманово. Во јуни 1945 година во Куманово беше формиран Околиски Народен суд со двajца судии од кои еден Претседател на судот, а именувани од Владата на Федерална Македонија, а кој суд потпаѓал под Окружен суд во Скопје. За прв судија беше именуван Петар Липковски, а потоа и Трајко Димитриевски. Со Решението со кое е определен бројот на судовите и судиите, е определен и бројот на судските заседатели (поротници), па во Околискиот суд Куманово се определени 60 судски заседатели.
За прв Претседател на тогашниот Околиски народен суд Куманово бил именуван Вангел Ацев, за да подоцна оваа функција ја понесат Гого Петровски, Тодор Анастасов, Ристо Андоновски, Светозар Максимовски и в.д. Џемаил Шабан Османи. Со востановување на Општински суд Куманово за Претседател е избран Радомир С. Каревски, а потоа таа функција ја понесоа: Миле Поповски, повторно Радомир С. Каревски, Владимир Николовски, в.д. Благоја Цветковски, повторно Миле Поповски, Звонко Јосевски, в.д. Стојман Димковски, Селвер Исмани , Ленка Бабановска и сега Јованка Никодиновска

Согласно Уставот на СФРЈ од 1963 година со кој организација на судовите нивното оснивање, укинување, подрачје, како и седиште на судовите во Републиките ќе се уредува со закон на Републиките, па во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија е донесен Закон за подрачјата на општинските и окружните судови од општа надлежност во Р. Македонија.

Според овој закон во СР Македонија се востановиле 25 општински судови, меѓу кои и тогашен Општински суд Куманово.

Почетоците на Основниот суд Куманово датираат уште од 1945 година и во Куманово беше формиран Околиски народен суд како првостепен суд. Во времето од 1956 година до 1965 година во Куманово е основан Околиски народен суд, а работеше и Окружен суд (второстепен) за Кумановска околија за Куманово, Кратово и Крива Паланка. За прв Претседател на Окржен суд во Куманово беше избран Асен Клетнички.
Во 1965 година беше донесен Закон за нова територијална поделба на Македонија со кој беа укинати околиите (и Кумановската) и со тоа беа укинати и Околискиот и Окружниот суд Куманово и се формираше Општинскиот суд во Куманово. Со новиот Закон за судовите донесен во 1996 година, Општинскиот суд Куманово се преименува во Основен суд Куманово во чиј состав влезе и поранешен Општински суд за прекршоци.
Структура на судска зграда
Приземје


На приземјето се сместени Кабинет на Претседателот на судот, канцеларија на Судскиот администратор, телефонската централа, судска полиција, канцеларија на IT центар, доставната служба, судници од I-III од кои сала број III е сала за судски седници, судски кабинети, канцеларии на стручни соработници, архивата, управителот на судската писарница и судската писарница со следните оддели :
- оддел за прием и експедиција
- кривичен оддел
- граѓански оддел

- oддел za стечaj i ликвидација
- трговски оддел
- вонпарничен оддел и
- оддел за работни односи .

Први кат

На првиот кат во судот се сместени кабинети на судии, три сали за судење од IV-VI и канцеларии на Основно јавно обвинителство Куманово.

Втор кат

На вториот кат во судот се сместени кабинети на судии, канцеларии на стручни соработници i судски преведувачи, две сали за судење VII-VIII, прекршочен оддел, оддел за платни налози, истражен оддел, оддел за извшување на санкции, оддел за малолетници,  извршен оддел, благајна и сметководство и канцеларии на Државно правобранителство на РМ за подрачје Куманово.